Ве молиме почекајте

Main img

За Нас

Размислувајте еколошки (#Think Green)

Размислувајте еколошки (#Think Green)

Section header break

За да го намалиме негативното влијанието врз животната средина, нашиот тим е посветен на ширење на етиката за еколошко размислување (#Think Green) за време на целиот фестивал и сите негови настани. Ве молиме, потрудете се да го намалите загадувањето и отпадот и одговорно користете ги природните ресурси при посетата на Национален парк Пелистер. Со прифаќање на овие мерки, влијанието врз околината можеме да го сведеме на минимум. Ги повикуваме сите учесници на фестивалот, како и посетителите на Националниот парк Пелистер да ги следат овие еколошки принципи:

  • Користете ги обележаните патеки во рамките на Националниот парк, за да ги минимизирате штетите врз почвата, вегетацијата, водотеците и да не го нарушувате светот на животните.
  • Строго е забрането да се фрла отпад (хартија, органски отпад, пластични шишиња, чаши...) во Националниот парк Пелистер. Посетителите мора привремено да го стават отпадот в ранец и да го носат со себе сè додека не го остават ѓубрето во посебно определени места за таа намена.
  • Изберете шишиња и чаши за вода коишто имаат можност за повеќекратна употрба, со цел да ја намалите потрошувачката на пластика. Вода за пиење е обезбедена во текот на цел фестивал.
  • „Донеси помалку – однеси помалку“. Ги повикуваме сите присутни на фестивалот да не носат непотребни пакувања или пластика и да не остават никакво ѓубре зад себе.
  • За да се намали загадувањето, ги покануваме сите присутни на фестивалот да го користат автобускиот превоз што ќе биде обезбеден од Битола до местото на фестивалот и назад.
  • Учесниците на трките по планинските патеки, планинската велосипедска тура и планинарската тура, кои се дел од фестивалот, ќе се придржуваат кон наведените принципи и правила за специјални настани.
  • За расчистување на фестивалското место ќе има посебен тим како и волонтери коишто околина ќе ја одржуваат чиста.
  • Локацијата за кампување „Tent Fest “ ќе биде опремена со преносни тоалети, канти и кеси за отпадоци. Сите отпадоци од фестивалот ќе бидат правилно одвоени и ќе влезат во синџирот за рециклирање.

UK icon MK icon