Ве молиме почекајте

Main img
14ти - 16ти Август 2020, Национален Парк Пелистер, Битола

Bitola Outdoor Festival

дена

часа

минути

секунди
COVID-19 Протоколи
Вашето учество

Зошто треба да учествувате

Section header break

Битола е главна дестинација во Република Македонија за авантури во природа, градска култура и уживање во рурална средина. Ние живееме на отворено, тоа е во ДНК на нашиот град и нашиот народ. Без разлика дали живеете овде, дали ни сте соседи или сте дојдени во посета, дојдете и бидете дел од Bitola Outdoor Festival.

Прочитај повеќе Пријави се

Спортување

Bitola Outdoor Festival е тродневен настан со кој ќе се претстават најпопуларните спортски активности на отворено во Националниот парк Пелистер - планинарење, планински велосипедизам, трчање по планински патеки и качување по карпи.

Прочитај повеќе
Sport icon
1

Забава

Покрај натпреварувачките настани, ќе има многу забавни активности на отворено и разонода што ќе се одвиваат околу главниот фестивал. Целта ни е во овие активности да можат да учествуваат лица од сите возрасти.

Sport icon
2

Музика

Музика во живо! Локални и регионални бендови, музички уметници и диџеи, ќе има музика за сечиј вкус.

Sport icon
3

Работилници

Комбинација на задоволството да се биде на отворено со учење и одлично вежбање. Нема ништо подобро, нели?

Sport icon
4

Настани

Section header break

Активности

Section header break

Работилници

Section header break
Ние ја сакаме авантурата

Запознајте ги нашите локални outdoor спортисти и нивните приказни

Section header break

Ние ги сакаме активностите во природа затоа што тие се секој пат различни. Секое искуство е уникатно, во зависност од тоа каде одите, кога одите, со кого одите, или ако сте сами. Толку многу фактори водат до различни искуства и, според тоа, секој е посебен на свој начин.

Artist 1

Јонче Илиевски

Mountaineering & Ski touring

Artist 1

Ненад Лазиќ

Ultra-trail running

Artist 1

Саша Грбиќ

Rock climbing

Artist 1

Јовче Даскаловски

Downhill mountain bike

Бидете дел од Bitola Outdoor Festival

Членови од клубовите за активности во природа, групи и бизниси, во градот, се здружија да понудат единствена програма со настани. Без оглед дали ќе дојдете и само ќе гледате, активно ќе учествувате, или ќе нè поддржите, има многу можности сите да се вклучите.

ПРАВИЛНИК ЗА УЧЕСТВО НА НАСТАНОТ “Bitola outdoor festival “
Член 1
Секој учесник пред стартот потпишува поединечна изјава во која изјавува дека возењето на МТБ турата, планинарската тура, се на сопствена одговорност и дека ќе ги почитува правилата за учество и протоколите за своја изаштита и заштита на другите од вирусот Corona ili Covid објавени страна на организаторот. Целокупната одговорност е на страна на учесникот. Изјавата е валиден документ со кој организаторот може да ја потврди пред надлежни органи.
Член 2
Секој учесник треба да има со себе комплетна велосипедска опрема (кацига, заштитни ракавици, соодветна облека за возење и сл.). Возењето без кацига е на одговорност на учесникот. Организаторот на стартот на турата им соопштува на учесниците за правилата за носење на кацига. Исто така потребна е соодветна психовизичка подготвеност за планинарскте тури, исхраната е од ранец, вода најмалку 1.л. и планинарска опрема согласно временските прилики и најавена временска прогноза.
Член 3
Секој учесник треба да има со себе комплетна планинарска опрема (соодветен ранец,добри чевли, соодветна облека за заштита од ветер и дожд, храна,вода најмалку 1.л. заштита од сонце). Учеството без комплетна опрема е на одговорност на учесникот. Организаторот на стартот на турата им соопштува на учесниците за правилата . Исто така за планинарскте турив е потребна е соодветна психовизичка подготвеност.
Член 4
Организаторот не превзема никаква одговорност во случај на кражба или оштетување на личните предмети на учесниците во зоната на ски центарот Ниже поле и надвор од неа, затоа ги советува сите учесници да ги носат вредните предмети со себе.
Член 5
Учесниците прифаќаат да бидат дел од снимениот материјал (фотографии, видеа и сл) со кои подоцна организаторот ќе може да ги употреби за сопствени цели (снимање на документарци, видео клипови за настанот и сл.)
Член 6
Организаторите го задржуваат правото да направат измени на планот и програмата, особено ако тоа е поради временските прилики и безбедносни причини.
Сo пополнување на пријавата се пријавувам за фестивалот “Bitola outdoor festival “, кој ќе се одржи на ден 16.08.2020 година и изјавувам дека под полна одговорност ги прифаќам правилата на организаторот на овој настан, пропишани со правилникот кој е објавен на нивната веб страна и истите ги прочитав при извршената регистрација.Изјавувам дека се чувствувам физички и психички способен/-на, здрав/-а, што значи дека немам проблеми поради кои би можел да биде оневозможен/-а да учествувам во активностите од програмата на “Bitola outdoor festival “ Секое учество е на сопствена одговорност.

Нашите спонзори

Section header break

Би сакале да искажеме голема благодарност до нашите спонзори и партнери за Вашата поддршка, без која Bitola Outdoor Festival едноставно не би се случил. Вие ни овозможувате да продолжиме во нашата цел да им обезбедиме на сите учесници на фестивалот забавни и возбудливи активности во природа, притоа промовирајќи ги придобивките од нив за локалната заедница

Спонзори

Поддржувачи

Информации

Информации за фестивалот

Section header break

Прво издание на Bitola Outdoor Festival. 14ти - 16ти Август, 2020. Национален Парк Пелистер, Битола

Ски центар 'Нижеполе'

Информации за програмата

Телефон:

+389 75 307 945
UK icon MK icon