Ве молиме почекајте
Lorem ipsum, dolor sit amet consectetur adipisicing elit. Itaque ad ducimus, sunt voluptatibus perspiciatis a, neque enim minus nobis tempore sit accusantium sapiente molestias expedita, ullam eius ratione voluptas doloribus eaque deleniti laboriosam vero et? Possimus corporis atque delectus sit?
Музика во живо! Локални и регионални бендови, музички уметници и диџеи, ќе има музика за сечиј вкус. Сите тие ќе настапат и ве забавуваат за време на фестивалските денови во главната фестивалска област во ски-центарот НижеПоле-Стрежево. Целиот распоред на уметници ќе биде објавен наскоро. Затоа, бидете трпеливи и посетувајте ја нашата веб-страница, како и страниците на Фејсбук и Инстаграм.
Комбинација на задоволството да се биде на отворено со учење и одлично вежбање. Нема ништо подобро, нели? За време на фестивалот, учесниците од сите возрасти ќе можат да бидат дел од тематски работилници поврзани со активен животен стил, спорт, авантура, екологија и заштита на природата.
Покрај натпреварувачките настани, ќе има многу забавни активности на отворено и разонода што ќе се одвиваат околу главниот фестивал. Целта ни е во овие активности да можат да учествуваат лица од сите возрасти. Децата, исто така,се вклучени во овиезабавни активности и дел се насочени токму кон нив. Некои од овие активности вклучуваат часови по јога, танц, часови по кардио вежби, музика, кампување, детска трка, работилници, традиционална кујна.
Lorem ipsum, dolor sit amet consectetur adipisicing elit. Itaque ad ducimus, sunt voluptatibus perspiciatis a, neque enim minus nobis tempore sit accusantium sapiente molestias expedita, ullam eius ratione voluptas doloribus eaque deleniti laboriosam vero et? Possimus corporis atque delectus sit?
Живописниот комфор и забава на хотел Епинал ќе ги воодушеват Вашите сетила и ќе Ве примамат да останете уште подолго. Опколен од најзначајните точки на интерес во Битола, хотелот е идеално лоциран на главната улица "Широк сокак", на 175 км од скопскиот аеродром, 180км од Солун и само 15км од грчката граница.
Модерно дизајнираниот ресторан "Градска Кафеана" Ви нуди прекрасни јадењa за бизнис ручеци, романтични вечери, закуски пред и по одење на театар и специјални прилики. Прекрасната атмосфера е надополнета од храната која е одлична, а персоналот е извонреден.
За сите учесници на Bitola Outdoor Festival Хотел Епинал обезбеди фестивалски цени и тоа:
- 20 евра без појадок
- 25 евра со појадок .користење на базен,паркинг простор,интернет,теретана
За повеќе информации слободно контактирајте не.
За сите посетители на Bitola Outdoor Festival и учесници на настаните, хотел Молика ќе имаат специјални цени за сместување и тоа.
- Полн пансион од 1480,00 денари за едно лице во двокреветни соби.
- Полу пансион од 1120,00 денари за едно лице во двокреветни соби.
- Ноќевање со доручек од 920,00 денари за едно лице во двокреветни соби.
- Во цената е вкалкулирана дневна туристичка такса, осигурување и ДДВ.
- За сместување во еднокреветни соби следи доплата од 250,00 денари по лице на
понудените цени во двокреветна соба.
Контакт инфо:
Хотел Молика
Бегова Чешма, Национален парк Пелистер
+389 47 229 406
+389 75 495 725
email: molika@t-home.mk