Ве молиме почекајте

Main img

За Нас

За Нас

Section header break

Со големо задоволство и гордост, Ви го претставуваме првото издание на Bitola Outdoor Festival што ќе се одржи на различни локации во Битола и Националниот парк Пелистер. Bitola Outdoor Festival, е иницијатива осмислена да ја поттикне јавноста да се вклучи во спортови во природа, да оди на планина и да ужива во придобивките што ни ги нуди природата. Самиот фестивал претставува збир на повеќе активности како планинско трчање, планинарење, велосипедизам, спортско качување, зимски активности како ски туринг и секако сето ова поткрепено со добра музика и забава на отворено. Прекрасниот Национален парк Пелистер е отворена покана за секој љубител на природата. Фестивалот е прослава на сè што може да се ужива на отворено и на планина - свеж воздух, волшебни глетки и прекрасно зајдисонце, истовремено зближувајќи ги традицијата, културата, музиката, природата и спортските активности. Настаните на овој фестивал се внимателно креирани од страна на тим кои се долгогодишни планинари, алпинисти, тркачи по планински патеки, планински велосипедисти и менаџери на настани. СЕ ГЛЕДАМЕ НА ПЛАНИНА!!!

Размислувајте еколошки (#Think Green)

Section header break

За да го намалиме негативното влијанието врз животната средина, нашиот тим е посветен на ширење на етиката за еколошко размислување (#Think Green) за време на целиот фестивал и сите негови настани. Ве молиме, потрудете се да го намалите загадувањето и отпадот и одговорно користете ги природните ресурси при посетата на Национален парк Пелистер. Со прифаќање на овие мерки, влијанието врз околината можеме да го сведеме на минимум. Ги повикуваме сите учесници на фестивалот, како и посетителите на Националниот парк Пелистер да ги следат овие еколошки принципи:

Информации

Битола бабам Битола

Section header break

Познато е дека Битола е еден од најопеаните градови во светот, а битолчани се горди на овој епитет. Битола била инспирација за многумина, за неа испеани се многу песни, некои со антологиски вредности. Меѓу нив, покрај познатата „Битола мој роден крај“, секако се вбројува и народната песна „Битола, бабам, Битола“.

Гледај видео

Битола

Битола е прекрасен град кој сè уште носи белег на нејзината важност од почетокот на 19-от век како центар за дипломатија...

Прочитај повеќе
Sport icon
1

Национален парк Пелистер

Националниот Парк „Пелистер“ изобилува со разни видови релјефни облици кои се формирани низ долготрајни и мошне сложени природни процеси..

Прочитај повеќе
Sport icon
2

Сместување-Храна

The city of Bitola and the surrounding area has a lot to offer when it comes to hotels, restaurants, snack bars, pubs and cafes.

Прочитај повеќе
Sport icon
3

Транспорт

Here you have information to choose the most appropriate way how to get to Bitola.

Прочитај повеќе
Sport icon
4

Град Битола

Section header break

Битола е прекрасен град кој сè уште носи белег на нејзината важност од почетокот на 19-от век како центар за дипломатија - место каде се споиле Османлиската и Европската култура, град со најголем број конзулати собрани на едно место на Балканот , давајќи му на градот надимакот „Градот на Конзулите“, и пренесувајќи ја европската култура и влијаеше врз локалната аристократија, кои започнува да живее во европски стил и да ги гради своите архитектонски достигнувања во мешани нео-класични стилови. Основана е како Хераклеја Линкестис во средината на 4 век п.н.е. од Филип Втори Македонски. За време на отоманската власт, градот заедно со Солун биле двата главни града на Отоманската Румелија. Битола е убаво место за посета со оглед на убавата отоманска архитектура и романтична архитектура од 19 век, во близина е античкиот град Хераклеја, и прекрасниот Националниот Парк Пелистер. Сето тоа може да се посети во еден ден, вклучувајќи и уживање во кафе на Широк Сокак, но мора да издвоите посебен ден за Националниот парк Пелистер.

Shirok Sokak

Широк Сокак

Широк Сокак е најпознатата улица во Битола, но и најголемата гордост на битолчани и е урбано срце на градот. Широк Сокак е магија која мора да ја почувствувате за да ја прераскажете. Широк Сокак е најдобро место за да го започнете разгледување на градот. Тргнуваќи од плоштадот Магнолија, по најдолгата пешачка зона на Балканот, од левата и десната страна, ќе ве фасцинира старата градска архитектура на оваа амбиентална улица. Минуваќи покрај Католичката Црква, куќата на Каринте, Офицерскиот Дом и на крајот ќе ве дочека грандиозен објект, зградата каде е сместен битолскиот Завод и музеј, или позната како Стара касарна. Првиот конзулат во Битола е основан во 1851 година од Австро-Унгарската Империја во тоа време, токму во Широк Сокак. Подоцна тоа ќе го сторат Британците и Французите, а потоа следат конзулите од Русија, Италија, Србија, Бугарија и Романија. Моментално градот Битола има тринаесет конзуларни претставништва од кои два генерални и десет почесни и речиси сите се наоѓаат на Широк Сокак.

Хераклеја

Heraklea Linkestis е основана од страна на Филип Втори Македонски во средината на 4 век п.н.е. како важен стратешки пункт. Римјаните го освоиле овој дел од Македонија во 148 година п.н.е. Во близина на градот минувал Римскиот пат Via Egnatia. Во раниот христијански период, Хераклеја била важно епископското место. Кон крајот на 6 век замира животот во Хераклеа, и градот постепено беше напуштен. Првите ископувања беа направени пред Првата светска војна, и оттогаш се откриени сите археолошки вредности на овај античкиот град. Пронајдени се повеќе археолошки споменици од римскиот и раниот христијански период, меѓу кои се portico- тремот што води до влезот на судницата, thermae (Римска термална бања) , римски театар - кој некогаш бил во можност да смести публика од околу 3.000 луѓе , Малата и Голема базилика, Епископската резиденција , фонтани, аквадукт, и сите тие стојат горди во одлична состојба. Она по што е позната локацијата е мозаикот на Големата базилика, направен во 5 век.

Shirok Sokak

Саат кула

Саат кулата е најпрепознатливото обележје на Битола и се наоѓа во самиот центар на градот, каде со својата височина доминира во просторот и околниот парк. Не се знае точно кога е изградена саат-кулата. Пишани извори од XVI век ја спомнуваат саат кулата, но не е утврдено со сигурност дали се работи за истата градба. Многумина веруваат дека е изградена во исто време со блиската црква Св. Димитриј некаде околу 1830 година. Легендата вели дека отоманските власти собрале околу 60.000 јајца од околните села и ги мешале во малтерот за да бидат поцврсти sидовите. Кулата има квадратна основа со страни од 5,8 метри и е висока околу 33 метри. Масивната кула е составена од камени sидови, од северната страна има полукружен влез, има внатрешни спирални камени скали, дрвени мезанински конструкции, и купола. Поделен е на три ката, а на врвот на кулата се наоѓаат тераси со ковани огради.

Музеј Битола

Националната установа Завод и музеј Битола е сместен во еден од најзначајните споменици на културата во Битола, во зградата објектот „Стара касарна“. Објектот бил изграден како средно воено училиште (Idadie) во 1848 година, кога градот Битола бил воен, административен, политички и трговски центар на европска Турција. Средното воено училиште постоело до 1900 година, кога било трансформирано во Воена академија и како такво работи до 1909 година. Од 1909 до 1912 година служеше како високо воено училиште – воена гимназија (Harabie). Помеѓу познатите кадети кои се едуцирале тука се: Мустафа Кемал Ататурк – основачот и првиот претседател на модерна Република Турција и Нијази Бег кој бил еден од водачите на Младотурската револуција во 1908. Во негова чест, денес во Завод и музеј се наоѓа Спомен собата на Кемал Ататурк. Но, овој објект е вистинска ризиница каде се чува највредното културно-историско богатство на регионот. Постојаната археолошка поставка со илјадници експонати, Градската соба, како и бројните повремени изложби од различни области им даваат можност на посетителите да го почувствуваат духот на минатото.

Shirok Sokak

Национален парк Пелистер

Националниот парк Пелистер се наоѓа во југозападниот дел на Македонија, помеѓу Преспанската и Пелагониската котлина и зафаќа површина од 17.150 хектари. За национален парк е прогласен во 1948 година како прво заштитено природно богатство во Македонија. Паркот го добива името по највисокиот врв на планината Баба – врвот Пелистер со надморска височина од 2.601 метари. Се карактеризира со поголем број врвови и возвишенија повисоки од 2.000 метри, кои меѓу себе се раздвоени со длабоки долини. Флората во Националниот Парк Пелистер со своето богатство, разновидност и колорит претставува една од најзначајните вредности на биолошката разновидност на оваа планина и го привлекува интересот на истражувачите, посетителите и вљубениците на најстариот и еден од најубавите национални паркови во Република Македонија. Растителниот свет на Пелистер е мошне разнообразен, па оттаму и неговото специфично ботаничко значење. Тука растат 88 дрвни видови, што претставува 29% од вкупната дендрофлора на Македонија. Во вегетацијата на НП Пелистер се среќаваат 21 растителна заедница, од кои 8 се шумски, а 13 тревни заедници. Од шумските дрвни видови најголема вредност има моликата (Pinus peuce), автохтон вид на петтоигличест бор со терцијарна старост којшто расте само на неколку планини на Балканскиот Полуостров, а во НП Пелистер е откриен во 1839 година од австрискиот ботаничар August Grisebach. Шетајќи низ Пелистер ќе наидете на стебла постари од 230 години. Висинската амплитуда на распространувањето на моликата на Пелистер е од 700 до над 2.200 метри. Во пролет и лето, ливадите се накитени со разнобојните цветови на пелистерската небесна роса, пазикуќата и пелистерската качунка. Највпечатливи одлики на фауната во Националниот парк Пелистер се нејзината разновидност и хетерогеност, како и присуството на голем број реликтни и ендемични видови. Ендемичните видови се главно регистрирани кај без'рбетните групи на организми. Од останатите групи 'рбетници, констатирано е присуство на 10 видови водоземци, 15 видови влечуги, 91 видови на птици и 35 видови на цицачи. Убавината на пејзажот е засилена со разновидниот див свет: мечки, елени, волци, диви свињи, лисици, зајаци, неколку видови орли, и ендемична македонска пелагониска пастрмка. Глетката ќе ви ја збогати и летот на дневните пеперутки Scythris crupta и Scyrthris similis кои живеат само на Пелистер. Тука се среќава и ноќната пеперутка Hadena clara macedonica која ја има само во Македонија. Националниот Парк „Пелистер“ изобилува со разни видови релјефни облици кои се формирани низ долготрајни и мошне сложени природни процеси. Од релјефните облици на Пелистер највпечатливи се т.н. Камените реки - Морени. Тоа се наклони на релјефот исполнети со блокови од стени со различен состав. На одделни места на Пелистер, камените реки сочинуваат низа долга и до 3км. На планината Пелистер постојат зачувани траги и од дилувијалната планинска глацијација. Тие се изразени во вид на морени и циркови. Од четирите цирка, колку ги има на Пелистер, два се исполнети со вода и егзистираат како глацијални езера. Пелистерскиот масив е испресечен со поголем број на живописни планински реки низ кои течат бистри и ладни води. Сите ја сочинуваат нивната исконска дивина во декорот на планинскиот пејсаж. Тие се украс на планината и го облагородуваат пејсажот низ кого протечуваат. Со посебна привлечност се двете глацијални езера - Големото и Малото Езеро на Пелистер, познати како „Пелистерски Очи“. Големото Езеро лежи на надморска височина од 2218м. Toa е едно од највисоките глацијални езера во Македонија. Зафаќа површина од 4.2ха. Долго е 223м, широко 162м, со длабочина од 14.5м. Малото Езеро лежи на 2180 м. н. в. Се наоѓа во изворишната челенка на Црвена Река. Долго е 79м, широко 68м, со длабочина од 2.6м. Оддалечено е околу 2км од Големото Езеро, во северозападен правец. Овие езера се една од омилените дестинации за посетителите на Паркот. Националниот парк Пелистер нуди активности за посетителите во текот на целата година и е богат со прекрасни патеки за пешачење, велосипедизам и планинско трчање.

Информации

Хотели и ресторани во Битола

Section header break
Epinal img

Hotel Epinal ★★★★

Живописниот комфор и забава на хотел Епинал ќе ги воодушеват Вашите сетила и ќе Ве примамат да останете уште подолго. Опколен од најзначајните точки на интерес во Битола, хотелот е идеално лоциран на главната улица 'Широк сокак', на 175 км од скопскиот аеродром, 180км од Солун и само 15км од грчката граница.

Epinal img

Hotel Molika ★★★★

Хотел Молика се наоѓа на Баба планина во Националниот парк Пелистер. Самата местополжба на хотелот овозможува поглед на градот Битола и околината. Она што секако го издвојува хотелот Молика од останатите објекти во нашата република се топлината, мирот и спокојството кои уште од првото доаѓање и првиот остварен контакт го пленат срцето и душата на секој гостин добронамерник.

Epinal img

Hotel Keops ★★★★

Хотел Кеопс е нов, модерен и атрактивен хотел, кој ќе Ве освои со својата едноставност, комфор и елеганција. Далеку од дома е дом каде ќе бидат исполнети сите Ваши желби и потреби. За сите посетители на Bitola Outdoor Festival и учесници на настаните, хотелот и ресторанот Кеопс ќе имаат специјални цени за сместување и храна.

Hotel Shator

Hotel-Restaurant Sumski Feneri

Овој мал семеен хотел се наоѓа на 900 метри надморска височина во шума, во подножјето на Националниот парк Пелистер еден од најстарите паркови на Балканот.

Epinal img

Hotel-Restaurant Korzo ★★★

Хотел Корзо е a супер-модерен, мултифунционален хотел. Лоциран на само 20 метри од напознатата “Главна Улица” попозната како “Широк Сокак”. За сите посетители на Bitola Outdoor Festival и учесници на настаните, хотелот и ресторанот Корзо ќе имаат специјални цени за сместување и храна.

Информации

Кафе и Мезе Барови

Section header break
Информации

Информации за фестивалот

Section header break

Трето издание на Bitola Outdoor Festival. 24ти и 25ти Септември, 2022. Национален Парк Пелистер, Битола

Национален Парк Пелистер

Информации за програмата

Телефон:

+389 75 307 945
UK icon MK icon