Ве молиме почекајте

Main img

Волонтер

Волонтирај на Bitola Outdoor Festival 2022

Bitola Outdoor Festival 2022 ве поканува да бидете дел од најзабавниот и најпредизвикувачки викенд на Пелистер во периодот од 24ти и 25ти Септември 2022 година.
Ако ја сакате природата, спортот и авантурите и сакате да запознаете нови луѓе со слични интереси, сè што треба да направите е да ни се придружите.
Секој волонтер којшто ќе се пријави ќе биди информиран по е-пошта и телефон од страна на организаторот за време и локација на состаноците за запознавање со волонтерите, запознавање со правилата за волонтерите како и за понатамошните технички и организациони состаноци со волонтерите. Организаторот за волонтерите ќе обезбеди брендиран подарок од трката, оброк, превоз и сместување по потреба.
Волонтерите ќе бидат ангажирани на повеќе локации во градот Битола и Националниот Парк Пелистер. Затоа ги замолуваме сите оние коишто сакаат да помогнат на кој било начин во организацијата (чистење и обележување на патеки, помош на места за освежување и контролни пунктови за трките, безбедност на патните премини, помош при регистрација на тркачите, помош при старт / завршница на трки, логистичка помош или која било друга помош што може да придонесе за оваа организација) да аплицира со пополнување на формуларот:

Е-пошта*

Име и презиме *

Град *

Телефон *

Датум на раѓање *

Кои денови си слободен?

Дали имаш некое од следниве искуства?

Дали имаш некоја посебна вештина или хоби?

Сугестии, барања, прашања, желби - ако имаш конкретна идеја за која задача и на кое место да те регрутираме пиши тука:

UK icon MK icon