Ве молиме почекајте

Main img

Tent Fest

Види ги сите настани
Tent Fest

Tent Fest

Добредојдовте на Tent Fest, кампинг настанот на Bitola Outdoor Festival. Комбинацијата на патување, кампување и активности во природа во текот на летото е магично. Кампинг просторот ќе биди кај ски-центарот „Ниже Поле“- Стрежево. Локацијата за кампување „Tent Fest “ ќе биде означена, опремена со преносни тоалети, канти и кеси за отпадоци. Додека сте тука, ќе уживате во одлична глетка на планината Баба и истовремено да бидете дел од активностите на фестивалот, како што се планинско трчање, планински велосипедизам, планинарење и други забавни активности.

Секој кој сака да кампира со шатор ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да се пријави на веб страната.

COVID-19 Протоколи

Пријави се за Tent Fest

Членови од клубовите за активности во природа, групи и бизниси, во градот, се здружија да понудат единствена програма со настани. Без оглед дали ќе дојдете и само ќе гледате, активно ќе учествувате, или ќе нè поддржите, има многу можности сите да се вклучите.

ПРАВИЛНИК ЗА УЧЕСТВО НА НАСТАНОТ “Bitola outdoor festival “
Член 1
Секој учесник пред стартот потпишува поединечна изјава во која изјавува дека возењето на МТБ турата, планинарската тура, се на сопствена одговорност и дека ќе ги почитува правилата за учество и протоколите за своја изаштита и заштита на другите од вирусот Corona ili Covid објавени страна на организаторот. Целокупната одговорност е на страна на учесникот. Изјавата е валиден документ со кој организаторот може да ја потврди пред надлежни органи.
Член 2
Секој учесник треба да има со себе комплетна велосипедска опрема (кацига, заштитни ракавици, соодветна облека за возење и сл.). Возењето без кацига е на одговорност на учесникот. Организаторот на стартот на турата им соопштува на учесниците за правилата за носење на кацига. Исто така потребна е соодветна психовизичка подготвеност за планинарскте тури, исхраната е од ранец, вода најмалку 1.л. и планинарска опрема согласно временските прилики и најавена временска прогноза.
Член 3
Секој учесник треба да има со себе комплетна планинарска опрема (соодветен ранец,добри чевли, соодветна облека за заштита од ветер и дожд, храна,вода најмалку 1.л. заштита од сонце). Учеството без комплетна опрема е на одговорност на учесникот. Организаторот на стартот на турата им соопштува на учесниците за правилата . Исто така за планинарскте турив е потребна е соодветна психовизичка подготвеност.
Член 4
Организаторот не превзема никаква одговорност во случај на кражба или оштетување на личните предмети на учесниците во зоната на ски центарот Ниже поле и надвор од неа, затоа ги советува сите учесници да ги носат вредните предмети со себе.
Член 5
Учесниците прифаќаат да бидат дел од снимениот материјал (фотографии, видеа и сл) со кои подоцна организаторот ќе може да ги употреби за сопствени цели (снимање на документарци, видео клипови за настанот и сл.)
Член 6
Организаторите го задржуваат правото да направат измени на планот и програмата, особено ако тоа е поради временските прилики и безбедносни причини.
Сo пополнување на пријавата се пријавувам за фестивалот “Bitola outdoor festival “, кој ќе се одржи на ден 16.08.2020 година и изјавувам дека под полна одговорност ги прифаќам правилата на организаторот на овој настан, пропишани со правилникот кој е објавен на нивната веб страна и истите ги прочитав при извршената регистрација.Изјавувам дека се чувствувам физички и психички способен/-на, здрав/-а, што значи дека немам проблеми поради кои би можел да биде оневозможен/-а да учествувам во активностите од програмата на “Bitola outdoor festival “ Секое учество е на сопствена одговорност.

UK icon MK icon