Ве молиме почекајте

Main img

Bitola Bike 2022

Види ги сите настани
Bitola Bike 2022

Bitola Bike 2022

Велосипедска тура Битола-с.Ротино-Голема Ливада-Инфо Центар Пелистер.

Оваа година велосипедската тура е во должина од 18км.

Велосипедската тура има рекреативен карактер, смислена со цел да го поддржува и поттикне омасовување и популаризација на велосипедизамот во нашиот град.


Собирно место е на паркингот кај Педагошки Факултет Битола во 7.45 часот. Тргнување е во 8.00 часот, започнуваме со возење кон излезот од Битола кон Охрид. Продолжуваме по стариот пат, покрај с.Братин Дол кон с. Ротино. Пауза ќе направиме кај Ротинско Езеро. Овај дел од турата се вози по асфалт. Потоа продожуваме по макадам пат кон Голема Ливада. Овде правиме уште една мала пауза за да се собери групата, а потоа продолжуваме по асфалтниот пат за хотел Молика се до Инфо Цнтарот на Пелистер каде ја завршуваме турата и сега можеме да се опуштиме со ладно пиво и добра музика.


Велосипедската тура ќе ја водат искусни планински велосипедисти.


Технички податоци за патеката:

·  Должината на патеката е: 18км.

·  Висинска разлика: 790мнв.

·  Тежина на патеката: Средна

·  Приближно време на минување: 2-2.30ч.


Потребна основна велосипедска опрема


  • - Технички исправен велосипед (соодветен според теренот на движење)
  • - Велосипедска кацига,велосипедски ракавици
  • - Резервна гума,Пумпа за гума
  • - Основен алат за промена на гума.
  • - Соодветен ранец 10-20л.
  • - Соодветна облека (заштита од ветер и дожд).
  • - Храна енергетски житарици, суво овошје.
  • - Вода најмалку 1л.
  • - Заштита од сонце крем со заштитен фактор
  • - Очила за сонце
  • - Средство за дезинфекција (анти бактериски влажни марамици)
  • - Заштитна маска или марама
  • - Личен прибор за прва помош
  • - Лични лекарства (антиалергични лекови)


Организаторите го задржуваат правото да направат измени на планот и програмата, особено ако тоа е поради временските прилики и безбедносни причини.


Велосипедската тура ќе се реализира по пропишаните правила и протоколи за заштита од covid-19 вирусот од владата на Р.Македонија, Министерството за здравство и препораките за активности низ планина од Претседателството на ФПСМ и меѓународната асоциација за планинарење UIAA.


Секој кој сака да учестува во велосипедската тура ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да се пријави на веб страната, да ги прочита и да ги почитува пропишаните протоколи и правила, а на самиот старт секој учесник потпишува пријавата и ја предава на одговорниот водич на групата.

Пријави се
UK icon MK icon