Ве молиме почекајте

Main img

Проект: Bitola Outdoor Festival 2023

Види ги сите настани
Array

Проект: Bitola Outdoor Festival 2023



Активностите во рамките на четвртото издание на Bitola Outdoor Festival ќе започнат од 29 Април 2023 година а ќе завршат на 02 Септември 2022 година, на повеќе локации низ Општина Битола и Националниот парк Пелистер. Оваа година спорските настани започнуваат со Националното првенство во Планинско трчање 2023. Потоа продолжуваме со трките во рамките на Pelister Ultra Trail 2023 со две меѓународни планински трки коишто се влезени во календарот на ITRA (Интернационалната асоцијација за планинарски трки), и истатите ќе се бодуваат на светската ранг листа за квалификација на светското финале во планинско трчање, што ќе се одржи во Шамони, Франција 2023 година, и традиционално планинарка тура во Националниот парк Пелистер.

Покрај активности на отворено, ќе се реализираат и голем број на едукативни работилници за деца и возрасни, коишто дел ќе се одржат во градот Битола, а дел на отворено во Националнииот Парк Пелистер. Придобивката од сево ова е што ќе организираме извонредени спортски настани за сите outdoor спортисти, посетители, љубители на природата и outdoor активисти, а особено е значајно за младите, затоа што фестивалот Bitola Outdoor Festival, покрај натпреварувачкиот карактер го промовира и здравиот начин на живеење и враќање кон природата, и запознавање со нејзините исконски одлики. 


ПРОГРАМА

 

29 Април (сабота, 11:00 часот, Национален Парк Пелситер) - Национално првенство во Планинско трчање 2023


Здружението БОФ Битола и Атлетската федерација на Северна Македонија оваа година по трет пат го организираат Државното првенство во Планинско трчање во поединечна и екипна конкуренција на ден 29ти Април 2023 година во Националниот Парк Пелистер, Битола со почеток во 11:00 часот, пред Хотел Молика.



21 Мај (недела) - ПЕЛИСТЕРСКИ ВОДОПАД 2023

 

Традиционалната планинарска тура до Пелистерскиот водопад во време кога се топат снеговите на Баба Планина. Bitola Outdoor Festival го организира 3 та година по ред.

ПРОГРАМА

-          8:00 часот, старт с. Нижополе

-          Искачување до водопад 10:00 часот

-          10:00-11:00 – одмор за уживање и сликање на водопадот

-          11:30 – враќање кон с. Нижополе

 

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ НА ПАТЕКАТА

-          Должина: 3.7km

-          Време:1:30-2:00 часа

-          Највисока точка: 1520м надморска висина


12 -13 Август (петок и сабота) - Четврто издание на Pelister Ultra-Trail планинарски трки.

 

                                 

           Како главен настан во склоп на фестивалот ќе бидат две меѓународни планинарски трки, во должина од 10км, 20км кои ќе се одвиваат во Националниот Парк Пелистер.

           Оваа година централиот настан и стартот на трките ќе биди од пред Инфо Центар на НП Пелистер.

 

1. Caparska Trail 10K  

Национален Парк Пелистер, 13.08.2023 година, почеток во 10:00 часот.

 

ЦАПАРСКА ТРАИЛ 10К е идеална патека за сите оние кои сакаат да ги направат првите чекори во планинското трчање, како и за забава со вашите пријатели или колеги од работа.



Со стартна точка од пред Инфо центарот на Националниот парк, патеката продолжува се до Цапарска пресека од каде низ густата Моликова шума се спушта се до местото Голема Ливада. Патеката потоа ве води до детското одморалиште каде потоа завршувате повторно пред Инфо ценарот. 


Патека наменета за рекреативци и почетници во планинското трчање.

 

 

2. Baba Тrail 20K  

Национален Парк Пелистер, 13.08.2023 година, почеток во 09:00 часот.

Со почетна точка од Инфо Центарот на Националниот парк, патеката продолжува до местото Цапарска пресека каде што почнува да се спушта до Голема Ливада. Патеката потоа продолжува низ срцето на Националниот парк Пелистер, длабоката борова шума Молика каде преку контролниот пункт на Горна Ливада и спуштањето до контролната точка Палиснопје ќе имате прилика да финиширате кај Инфо центарот на Националниот парк. 



02 Септември 2023 година (Недела) Crven Steni 2023

Националниот парк Пелистер, почеток 08:00 часот

 Универзитетското студентско собрание на УКЛО, во соработка со Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола и Здружението за поттикнување и промоција на спортот, спортски туризам и здрав начин на живот БОФ Битола, во сабота 02.09.2023 година, организира Универзитетски планинарски студентски марш до месноста Црвени Стени на Пелистер.


Поаѓање на планираната рута ќе биде од паркингот пред хотелот Молика во 08:30 часот. За секој учесник ќе биде обезбеден оброк, а сите заинтересирани студенти можат да се пријават на:


uss@uklo.edu.mk


#уклостуденти #укло #uklo #uklostudenti 

 


Веб страни:

 

Сите настани организирани во 2023 година и резултатите од нив можи да ги погледните во делот на Архива и Резултати на двете веб страни.

 

www.pelisterultratrail.com

www.bitolaoutdoorfestival.mk

 




UK icon MK icon