Проект: Bitola Outdoor Festival 2021
ВРЕМЕНСКА РАМКА НА ПРОЕКТОТ :
Јун. 2021 - Јун. 2021Локација:
Национален Парк Пелистер, Ски Центар Ниже Поле, Општина БитолаВторото издание на Bitola Outdoor Festival во организација на Здружение за поттикнување и промоција на спортот, спортскиот туризам и здравиот начин на живот „ БОФ “ Битола збогатено со неколку нови настани ќе се одржи во месец Јуни 2021 година (во период од 25 до 27 Јуни) на повеќе локации низ Општина Битола и Националниот парк Пелистер. Во него оваа година ќе бидат опфатени четири планинарски спортски дисциплини коишто ќе се одржат и спроведат во Националниот Парк Пелистер и тоа: планинарење, планински велосипедизам, качувањето по карпи и спортското качување и две меѓународни планински трки коишто се влезени во календарот на ITRA (Интернационалната асоцијација за планинарски трки), и истатите ќе се бодуваат на светската ранг листа за квалификација на светското финале во планинско трчање, што ќе се одржи во Шамони, Франција 2021 година.
ПРОГРАМА
25 Јуни (петок) - Отворање на Bitola Outdoor Festival
Во 18:00 часот свечено отворање на Bitola Outdoor Festival пред просториите на здружението на ул. Фуштани , до кафичот Радост во Битола со најава за содржините на фестивалот, потоа продолжуваме со брифинг на тркачите и доделување на стартни броеви со фестивалски пакети за секој учесник и секако, последно запознавање со временската прогноза и состојбата на патеките и Covid 19 протоколите за сите учесници во планинарските трки и другите организирани настани.
26 Јуни (сабота) - Главен настан: Второто издание на Pelister Ultra-Trail планинарски трки.
Како главен настан во склоп на фестивалот ќе бидат две меѓународни планинарски трки, во должина од 18км, 45км кои ќе се одвиваат во околината на ски-центарот Ниже Поле, Баба планина и Националниот Парк Пелистер.
1. Molika Тrail 45K
Национален Парк Пелистер, 26.06.2021 година, почеток во 06:00 часот.
Детали за патеката:
- Старт: Ски центарот Ниже поле
- Должина: 45 километри
- Вкупно висинско искачување: 2820 метри
- Вкупно спуштање: 2820 метри
- Временски лимит: 12 часа
- Максимална висина: 2601 мнв
- Минимална висина:1300 мнв
- Контролни точки: 3
- Крај на трката: Ски стаза Ниже Поле
Трката носи 2 бода според ITRA (International Trail Running Association), и целосно е во рамките на Националниот парк Пелистер.
2. Big Lake Trail 18К
Национален Парк Пелистер, 26.06.2021 година, почеток во 8.00 часот
Детали за патеката:
- Старт: Ски стаза Ниже Поле
- Должина: 18 километри
- Вкупно висинско искачување: 1170 метри
- Вкупно спуштање: 1170 метри
- Временски лимит: 5 часа
- Максимална висина: 2 218 мнв
- Минимална висина:1300 мнв
- Контролни точки: 1
- Крај на трката: Ски стаза Ниже Поле
Трката носи 1 бод според ITRA (International Trail Running Association), а истата целосно е во рамките на Националниот парк Пелистер.
3. PELISTER ROCK CLIMBING
Локалитет „Црн Камен“ во Националниот парк Пелистер, почеток 12:00 часот
Во рамките на овогодинешниот Bitola Outdoor Festival, кај спортско-качувачкиот локалитет „Црн Камен“ во Националниот парк Пелистер (на 20 мин пешачење од с. Магарево) ќе биде организирана outdoor работилница за млади љубители на природата насловена како PELISTER ROCK CLIMBING. Работилницата ќе содржи: основи и запознавање со спортското качување како олимписки спорт, качување на природна карпа, запознавање со спортско-качувачките локалитети и насоки, дисциплини во спортското качување (Bouldering, Lead), заштитна опрема, јажеви техники и чворови, безбедност и осигурување при спортското качување на карпи.
4. THINK GREEN
Ски-центарот „Ниже Поле“- Стрежево, почеток 18:00 часот
Во рамките на овогодинешниот Bitola Outdoor Festival, Ќе се одржи работилница за млади, и деца со родители за да се запознаат со придобивките од концептот #Think Green како алатка за намалување на нашето влијание врз животната средина во Националниот парк Пелистер.
27 Јуни (недела) Outdoor настани:
- Рекреативно планинарење Pelister Waterfall Hike
Национален Парк Пелистер, 27.06.2021 година, почеток во 7.00 часот
Планинарската тура има рекреативен карактер, а по форма и содржина е смислена да поддржува и поттикне омасовување и популација на планинарството, како и поддршка на фестивалот). Планинарска тура: собирно место с. Ниже Поле во 8:00 ч; Оваа година планинарската турата ќе биди посета на Пелистерските Водопади или познати како Водопади на Црвена Река. Времетраењето на турата во еден правец е околу 1.30 минути. На планинарската тура ќе учествуваат и 15 млади како дел од обуката основи на планинарење.
- Планински велосипедизам: Bitola Mount Bike
Битола-Ски центар Нижеполе, 27.06.2021 година, почеток во 8.00 часот
Велосипедска тура исто така има рекреативен карактер. Собирно место спортска сала „Боро Чурлевски“ од 8 00ч; тргнување во 9.30 ч кон село Крстоар и Крстовски манастир, потоа преку Буково и познатата патека „по канал“ до ски-стазата во Ниже Поле. Патеката е долга околку 30 км.
- EXTREME BIKE JUMP
Ски-центарот „Ниже Поле“- Стрежево, почеток 14:00 часот
Full crazinesssss! AIR BAG BIKE PARTY on Pelister! Овај настан е адреналинска егзибиционен натпревар искључиво за професионалци од Mount-bike заедницата, се со цел промоција и презентација на нивните вештини. На натпреварот ќе учествуваат максимално 30 натпреварувачи. Од 11: 00ч до 13:00 ч натпреварувашите ќе имаат трениг сесија. Од 14:00 част започнува и официјалниот дел. Секој натпреварувач ќе можи да изведи три скока. Секој скок ќе се отценува од тројца судии. За најдобрите предвидени се убави изненадување во награди и влез во Pro Bike Team.
Веб страни:
Сите настани организирани во 2020 година и резултатите од нив можи да ги погледните во делот на Архива и Резултати на двете веб страни. Исто така овде можи да ги видите и настаните за 2021 година, како и сите пријавени натпреварувачи од повеќе земји на меѓународните трки Molika Trail 45K и Big Lake Trail 18K.