Туристички Водич Битола
ВРЕМЕНСКА РАМКА НА ПРОЕКТОТ :
Сеп. 2022 - Сеп. 2023Локација:
Општина БитолаЦелта на овој проект на здруженијата „БОФ“ и „ДОГМА“ од Битола е да придонесеме кон афирмација, зачувување и промоција на културното наследство во Битола преку дигитизација на локации кои се од битно културно значење за нашата општина. Во тек е изработката на овој уникатен проект, затоа следете нè и останете информирани за нашата работа.
Проектот „Туристички водич – Битола“ на здруженијата „БОФ“ и „ДОГМА“ се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации - УНДП. Проектот "Туристички Водич - Битола" е кофинансиран од Општина Битола.