Ве молиме почекајте

Main img

Bitola Mount Bike

Види ги сите настани

Bitola Mount Bike

Велосипедската тура исто така има рекреативен карактер, смислена со цел да го поддржува и поттикне омасовување и популаризација на велосипедизамот во нашиот град, како и поддршка на фестивалот.

Собирно место е спортската сала „Боро Чурлевски“ во 8.45 часот. Се додека се собира групата задолжително е носење на заштитни маски тргнување е во 9.00 часот започнуваме со возење низ градскиот парк се и се движиме во групи одалечени на неколку минути на меѓусебно растојание од 3м. пропишaно според протоколите кои мора да се почитуваат. После исклучувањето од асфалтниот пат одиме кон Крстоарски манастир, од манастирот се вози на макадам пат до Буковски манастир и с.Ореово и од тука се уклучуваме и на добро познатата патека по каналот и со лесно педалање возиме и поминуваме на неколку места со прекрасни погледи кон Битола и околината по каналот возиме се до с.Ниже поле каде повторно се уклучуваме на асфалтниот пат па се до ски центарот Ниже поле каде ја завршуваме турата и сега можеме да се опуштиме со ладно пиво и добра музика.

Ски центарот ќе ни биди база за сите настани така да во приближно време ќе пристигне и ќе се приклучи на ладно пиво и планинарската група која ќе стартова од с.Лавци и преку врвот Неолица слегуваат во ски центарот.

Велосипедската тура ќе ја водат искусни планински велосипедисти.


Технички податоци за патеката:

·  Должината на патеката е: 30км.

·  Висинска разлика: 700мнв.

·  Тежина на патеката:Лесна/Средна

·  Приближно време на минување: 3-3.30ч.


Потребна основна велосипедска опрема


  • - Технички исправен велосипед (соодветен според теренот на движење)
  • - Велосипедска кацига,велосипедски ракавици
  • - Резервна гума,Пумпа за гума
  • - Основен алат за промена на гума.
  • - Соодветен ранец 10-20л.
  • - Соодветна облека (заштита од ветер и дожд).
  • - Храна енергетски житарици, суво овошје.
  • - Вода најмалку 1л.
  • - Заштита од сонце крем со заштитен фактор
  • - Очила за сонце
  • - Средство за дезинфекција (анти бактериски влажни марамици)
  • - Заштитна маска или марама
  • - Личен прибор за прва помош
  • - Лични лекарства (антиалергични лекови)


Организаторите го задржуваат правото да направат измени на планот и програмата, особено ако тоа е поради временските прилики и безбедносни причини.


Велосипедската тура ќе се реализира по пропишаните правила и протоколи за заштита од covid-19 вирусот од владата на Р.Македонија, Министерството за здравство и препораките за активности низ планина од Претседателството на ФПСМ и меѓународната асоциација за планинарење UIAA.


Секој кој сака да учестува во велосипедската тура ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да се пријави на веб страната, да ги прочита и да ги почитува пропишаните протоколи и правила, а на самиот старт секој учесник потпишува пријавата и ја предава на одговорниот водич на групата.


Пријави се
UK icon MK icon