Ве молиме почекајте

Main img

Pelister Ultra-Trail 2021

Види ги сите настани
Pelister Ultra-Trail 2021

Pelister Ultra-Trail 2021

Pelister Ultra-Trail® е меѓународен настан кој втора година по ред се оддржува во најстариот Национален парк во С. Македонија, Националниот парк Пелистер. Второто издание на Pelister Ultra-Trail® ќе се одржи на 26 јуни 2021 година. Ова издание ќе има две планински трки, Big Lake trail 18K и Molika Trail 45K.

Big Lake Trail - со должина од 18км, 1170 метри искачување и 1170 метри слегување. Старт на патеката е од Ски центарот Нижеполе, со временски лимит од 5 часа, 1 контролна точка и максимална надморска височина од 2218 метри.

Почнувајќи од Ски центарот Нижеполе, патеката ве носи кон населбата Лак Поток од каде започнува искачувањето по „Дебелиот Рид“, се до најмаркантниот заштитен знак на Пелистер - Големо Езеро. Надолу патеката се отвора низ широчините кон Орлови Бари, а спуштањето се одвива покрај убавините на реката Сапунчица, се до крајот кај Ски центарот Нижеполе.

Трката носи 1 бод според ITRA (International Trail Running Association), а истата е целосно во рамките на Националниот парк Пелистер.


Пријавување на линкот: www.pelisterultratrail.com/registracija/18k-en


Molika Trail - планинска трка во должина од 45км, со 2820 метри искачување и 2820 метри слегување. Старт на патеката е од Ски центарот Нижеполе, со временски лимит од 12 часа, 4 контролни точки и максимална надморска височина од 2601 метри.

Трката започнува со спуштање кон с.Нижополе и искачување кон црквата Св. Атанасиј што ќе ве понесе преку убавините на Националниот парк, длабоките Моликови шуми и самиот врв Пелистер каде се отвораат бескрајните прекрасни хоризонти и пејсажи на Баба Планина. Продолжува по широките ливади поминувајќи преку двете планински езера - Пелистерски очи, спуштајќи се покрај реката Сапунчица, преку местото викано Орлови Бари се до крајот на трката кај Ски центарот Нижеполе.

Трката носи 2 бода според ITRA (International Trail Running Association) и е целосно во рамките на Националниот парк Пелистер.


Пријавување на линкот: www.pelisterultratrail.com/registracija/45k-en



Пријави се
UK icon MK icon