Ве молиме почекајте

Main img

Црвени Стени

Види ги сите настани
Црвени Стени

Црвени Стени

Оваа година планинарската тура е една од омилените патеки и дестинации во Националниот парк Пелистер, патеката која што води до Црвени Стени. Оваа релативно лесна патека може без некој посебен и поголем напор да ја совладаат поголемиот број на рекреативци и добронамерници.


Технички податоци за патеката:

Старт: Инфо Центар Пелистер 1360мнв  во 8.00 часот

Вкупна должината на патеката до Црвени Стени и назад : 11.5км.

Висинска разлика: 440мнв.

Тежина на патеката:Лесна/Средна

Приближно време на минување: 3.30-4ч.

 

Стартот на турата е од Инфо Центарот на Пелистер на 1360мнв во 8.00 часот и се движиме по ИСТОРИСКАТА ПАТЕКА за Првата светска војна. Патеката е добро обележана и лесно проодна и во текот на целата нејзина должина содржи едукативни паноа за Првата светска војна. Историската патека завршува во близина на Хотел Молика, а ние продолжуваме преку Ластојчин Камен кон Магаревска Река. Патеката визуелно е атрактивна, проаѓа покрај Магаревска Река и има поглед кон камените „реки“ до искачување до Јоргов Камен од каде има прекрасен поглед кон Битола и Пелагониската котлина. Јоргов Камен правиме мала пауза, а потоа продолжуваме до Црвени стени каде има пејзажен поглед кон Дебел Рид, Орлови Бари и долините на реките Сапунчица и Црвена Река.  

Враќањето назад е по патеката којашто води до планинарскиот дом Копанки, Ластојчин камен, Историска патека и Инфо Центар.

Делот од патеката кај Црвени Стени има и историско значење, бидејќи во Првата светска војна токму на таа локација се случила најголемата битка на Пелистер, кога се судриле бугарските и француските единици, при што француската војска имала големи загуби.

Денес и после еден век, се уште постојат и сведочат бројните остатоци за борбите кои се воделе на овие простори за време на војната. Присутни се во голем број разни утврдувања и бункери. Тие будат интерес кај многубројните посетители. Овие остатоци покрај планинските содржини кои ги нуди Пелистер претставуваат наше меморијално богатство кое треба трајно да го заштитиме и негуваме.


  Потребна опрема:

-Добри чевли водотпорни.

-Соодветен ранец за еднодневни тури 20-30л.

-Соодветна облека (заштита од ветер и дожд).

- Храна енергетски житарици, суво овошје.

- Вода најмалку 1л.

- Заштита од сонце крем со заштитен фактор

- Очила за сонце

- Средство за дезинфекција (анти бактериски влажни марамици)

- Заштитна маска или марама

- Личен прибор за прва помош

- Лични лекарства (антиалергични лекови)

 

Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;

Водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската тура доколку не ја поседува соодветната планинарска опрема.

 Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.

Организаторите го задржуваат правото да направат измени на планот и програмата, особено ако тоа е поради временските прилики и безбедносни причини

Пријави се
UK icon MK icon