Ве молиме почекајте

Main img

Проект: Bitola Outdoor Festival 2022

Види ги сите настани
Array
Array

Проект: Bitola Outdoor Festival 2022


Активностите во рамките на третото издание на Bitola Outdoor Festival ќе започнат од 21 Мај 2022 година а ќе завршат на 18 Септември 2022 година, на повеќе локации низ Општина Битола и Националниот парк Пелистер.

Оваа година фестивалот ќе започни со проекција на планински филмови од меѓународниот ЕХО фестивал на планински филм. Во рамките на Bitola Outdoor Festival оваа година ќе бидат опфатени четири планинарски спортски дисциплини коишто ќе се одржат и спроведат во Националниот Парк Пелистер и тоа: планинарење, планински велосипедизам, качувањето по карпи и спортското качување и две меѓународни планински трки коишто се влезени во календарот на ITRA (Интернационалната асоцијација за планинарски трки), и истатите ќе се бодуваат на светската ранг листа за квалификација на светското финале во планинско трчање, што ќе се одржи во Шамони, Франција 2022 и 2023 година. 


Покрај активности на отворено, ќе се реализираат и голем број на едукативни работилници за деца и возрасни, коишто дел ќе се одржат во градот Битола, а дел на отворено во Националнииот Парк Пелистер. Придобивката од сево ова е што ќе организираме извонредени спортски настани за сите outdoor спортисти, посетители, љубители на природата и outdoor активисти, а особено е значајно за младите, затоа што фестивалот Bitola Outdoor Festival, покрај натпреварувачкиот карактер го промовира и здравиот начин на живеење и враќање кон природата, и запознавање со нејзините исконски одлики.  

 

ПРОГРАМА

 

 

 

21 Мај (сабота, 18:30 часот, Кино Манаки Битола) - Отворање на Bitola Outdoor Festival 

 

Во 18:30 часот свечено отворање на Bitola Outdoor Festival во Кино Манаки Битола со проекција на видео презентација и со најава за содржините на фестивалот.

Во 19.00 часот ЕХО Патува во Битола, проекција на филмови од меѓународниот ЕХО фестивал на планински филм.

Програма:

18:30 - 19:00 Обраќање на ЕХО фестивалот за планински филм, Bitola Outdoor festival и презентација на Extreme Bike Team Битола 30'

19:00- 19:35 „Матерхорн – Лавовскиот гребен“, Алесандро Белтраме/Ерве Бармас, Италија, 2021, 35’ (Најдобар планински филм на ЕХО 2021)

19:35-20:30 „На тенок мраз“, Хенри М. Микс/ Боас Шварц (Германија), 2020, 52’

(Најдобар еколошки филм на ЕХО 2020)

20:45-22:20 Легендата за Фред Беки / Дејв О’Леск, САД, 2017, 95’

(Гран При на ЕХО 2017)


22 Мај (недела) - ПЕЛИСТЕРСКИ ВОДОПАД 2022

 

Традиционалната планинарска тура до Пелистерскиот водопад во време кога се топат снеговите на Баба Планина. Bitola Outdoor Festival го организира 3 та година по ред.

ПРОГРАМА

-          8:00 часот, старт с. Нижополе

-          Искачување до водопад 10:00 часот

-          10:00-11:00 – одмор за уживање и сликање на водопадот

-          11:30 – враќање кон с. Нижополе

 

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ НА ПАТЕКАТА

-          Должина: 3.7km

-          Време:1:30-2:00 часа

-          Највисока точка: 1520м надморска висина


16 -17 Септември (петок и сабота) - Трето издание на Pelister Ultra-Trail планинарски трки.

 

                                 

           Како главен настан во склоп на фестивалот ќе бидат две меѓународни планинарски трки, во должина од 20км, 40км кои ќе се одвиваат во Националниот Парк Пелистер.

           Оваа година централиот настан и стартот на трките ќе биди од пред хотел Молика.

 

1. Molika Тrail 20K  

Национален Парк Пелистер, 17.09.2022 година, почеток во 08:00 часот.

 

Детали за патеката:

 

- Старт: Хотел Молика

- Должина: 18 километри

- Вкупно висинско искачување: 1170 метри

- Вкупно спуштање: 1170 метри

- Временски лимит: 5 часа

- Максимална висина: 2 218 мнв

- Минимална висина:1300 мнв

- Контролни точки: 1

- Крај на трката: Хотел Молика

Трката носи 1 бод според ITRA (International Trail Running Association), и целосно е во рамките на Националниот парк Пелистер.

 

 

2. Baba Тrail 40K  

Национален Парк Пелистер, 17.09.2022 година, почеток во 06:00 часот.

 

Детали за патеката:

 

- Старт: с. Магарево

- Должина: 45 километри

- Вкупно висинско искачување: 2820 метри

- Вкупно спуштање: 2820 метри

- Временски лимит: 12 часа

- Максимална висина: 2601 мнв

- Минимална висина:1300 мнв

- Контролни точки: 3

- Крај на трката: Хотел Молика

Трката носи 2 бода според ITRA (International Trail Running Association), и целосно е во рамките на Националниот парк Пелистер.


18 Септември 2022 година (Недела) PELISTER ROCK CLIMBING 2022

Локалитет „Црн Камен“ во Националниот парк Пелистер, почеток 12:00 часот

 

 Во рамките на овогодинешниот Bitola Outdoor Festival, кај спортско-качувачкиот локалитет на 20 мин пешачење од с. Магарево во Националниот парк Пелистер  ќе биде организирана outdoor работилница за млади љубители на природата насловена како PELISTER ROCK CLIMBING. Работилницата ќе содржи: основи и запознавање со спортското качување како олимписки спорт, качување на природна карпа, запознавање со спортско-качувачките локалитети и насоки, дисциплини во спортското качување (Bouldering, Lead), заштитна опрема, јажеви техники и чворови, безбедност и осигурување при спортското качување на карпи. 


18 Септември 2022 година (Недела)  Планински велосипедизам: Bitola Mount Bike 2022

Битола-Ротино-Молика, , почеток во 7.00 часот

 

Велосипедска тура исто така има рекреативен карактер. Собирно место спортска сала „Боро Чурлевски“ во 6:30ч; тргнување во 7.00 ч кон село Ротино и Ротинско Езеро каде што ќе има пункт за одмор и освежување. Пороа се продолжува кон Голема ливада и на крај се завршува кој Хотел Молика. 


Веб страни:

 

Сите настани организирани во 2021 година и резултатите од нив можи да ги погледните  во делот на Архива и Резултати на двете веб страни. Исто така овде можи да ги видите и настаните за 2022 година, како и сите пријавени натпреварувачи од повеќе земји на меѓународните трки.

 

www.pelisterultratrail.com

www.bitolaoutdoorfestival.mk




UK icon MK icon