Covid-19 Протоколи
Објавено:
17 Jul 2020 11:37Почитувани
Појавата на вирусот corona или covid -19 донесе нови ризици во секојдневното живеење, па затоа треба да се измени и нашето однесување. Поради тие причини голем дел од планираните активности вклучувајќи го и забавниот дел музички настани ќе се одложат за наредната година.Настаните како Планинско трчање, велосипедска тура и планинарска тура кои се планирани да се одржат ќе се реализираат според пропишаните правила од владата на Р.Македонија и меѓународните асоциации за планинарење UIAA и ITRA асоцијацијата за планинско трчање.
Протоколите за планинската трка Pelister ultra trail ќе бидат исто така објавени и на официјалната web страна. https://www.pelisterultratrail.com/mk/
Поради сите овие причини и поради полесна контрола на ситуацијата организаторт има потреба сите учесници задолжително да се пријават за учество со пополнување на пријава и прифаќање на условите кои ќе бидат наведени. Секој онај кој нема регуларно да се пријави водичот ќе има право да го отстрани од турата.
ПРЕПОРАКИ ОД UIAA ЗА ИЗВЕДБА НА ПЛАНИНСКИ СПОРТОВИ
(поради сличноста на организирањето и активноститите со велосипед ќе се земат во предвид истите протоколи препорачани од UIAA и ФПСМ)
· Заштитна опрема на стартот: заштитни маски, средство за дезинфекција на раце, антибактериски марамчиња.
· Во ранецот носете маска или марама за заштита на носот и устата и средство за дезинфекција.
· Учесниците треба бидат поделени во групи од 20-25 планинари или велосипедисти со обезбеден водич во секоја група. Растојанието помеѓу групите треба да биде цца 50 м или 3 мин одење. Групите да имаат различити места на одмор на растојание од најмалку 10м.
· Одржувајте меѓусебно растојание од најмалку 2 метра.
· Користете заштита за устата и носот ако не може да ја одржувате препорачаната меѓусебна оддалеченост.
· Избегнувајте ги вообичаените начини на поздравување: ракување, прегрнување, користење на исто шише за вода итн.
· Користете тип на превоз препорачан од овластените лица и користете заштитни средства ако не може да ја одржувате препорачаната меѓусебна оддалеченост.
· Користете сопствен превоз. При употреба на јавен или групен превоз почитувајте ги упатствата кои ги пропишува Министерството за здравство.
· Употребувајте само сопствена опрема. Групната опрема пред употреба треба да се исчисти согласно препораките на производителите.
· Рекреирајте се, но само ако сте потполно здрави. · Бидете одговорни и останете дома ако кашлате, кивате, ако ви тече носот, чувствувате слабост, со што спречувате потенцијално ширење на заболувања.
· Добро подгответе се за активноста. Носете опрема која знаете да ја употребувате. Изберете цел која е во рамките на вашите физички и психички можности.
· Ако се наоѓате на местото на несреќата, помогнете им на повредените според своето знаење и користете заштита за устата и носот.
Сватете ги препораките сериозно и однесувајте се одговорно.
Вие сте одговорни за сопственото здравје, здравјето на членовите на вашата фамилија и за здравјето на вашите другари.
Планините се тука и остануваат тука. За да можеме да ги уживаме, треба да бидеме здрави!