Ве молиме почекајте
Заедницата е многу важна за нас и сакаме да се поврзуваме со други авантуристи. Во Битола има многу клубови и групи во коишто може да се придружите. Ви прикажуваме неколку факти за спортови во природа, како и клубови и групи во општина Битола, со цел за да ве поттикнеме да бидете што повеќе на отворено.
„Од сите патeки по кои одите во животот, неколку од нив нека бидат по гола земја.“ Убавината на планинарењето е тоа што секој може да го прави. Без разлика дали сте млади или стари, експерт или аматер, сигурно некаде постои патека што ќе биде совршена за вас. Но, иако планинарењето на своја рака може да биде инспиративно, честопати и не е многу мотивирачки да го повторите, особено на подолги патеки. Најдобро решение е да се придружите на вашата локална планинарска заедница каде ќе се сретнете со истомисленици, кои ќе ве мотивираат да продолжите и понатаму со оваа активност. Планинарењето е главна активност во Националниот парк Пелистер. Повеќето од планинарските патеки низ паркот се обележани со знаци и инфо-табли. Додека пешачат, посетителите ќе уживаат во густите шуми од молика и високите планински врвови кои нудат прекрасен поглед на околниот пејзаж. Како дел од Bitola Outdoor Festival, Планинарскиот клуб „Димитар Илиевски-Мурато“- Битола организира планинарење преку кое лично ќе доживеете дел од оваа убавина.
„Една добра тура со велосипед може сè да среди“ Планинскиот велосипедизам е чуден спорт. Иако во индивидуалното возење најмногу се ужива, споделувањето на задоволството да се биде на две тркала на кој било терен, со група, е ненадминато. Дали некогаш сте посакале нешто да ве оттргне од работа или од училиште и да ве одведе на места на кои инаку никогаш не би помислиле да одите? Нешто што ќе ве одржува во добра форма и здрави, нешто што во исто време може да биде релаксирачко, но и возбудливо? Да, постои спорт којшто може да ви го овозможи сето тоа. Се нарекува планински велосипедизам. Битола има силна заедница за планински велосипедизам, која веќе со години е вистински љубител на Националниот парк Пелистер и околните патеки и која полека се претвора во неверојатно место за планински и спуст велосипедизам. Членовите на групата „Ај да возиме“ и “Extreme Bike”од Битола се најактивните велосипедисти од нашата заедница. Не постои подобар водич од нив што ќе ви овозможи да ги искусите најдобрите патеки, на две тркала. Откријте неколку најважни моменти од овие патеки на годинешната Тура со Планински Велосипеди, како дел од Фестивалот на отворено во Битола. Организатор на настанот ќе биде„Ај да возиме“ од Битола.
Како за нови, така и за искусни тркачи, трчањето по планински патеки нуди голем број придобивки што можат да ви помогнат да уживате во трчање, да се заштитите од повреди, па дури и да го подобрите вашето тркачко време на сите патеки. Да се тргнете од вообичаените патиштата и да се префрлите на планински патеки, е една од најдобрите работи што можете да ги направите за вашето трчање. Дали сакате повеќе да уживате во трчањето, да станете посилни, или пак да трчате побрзо, трчањето по планински патеки може да биде пријатен и релаксирачки додаток на вашите тркачки навики. Ултра планинските трки, овозможуваатделумно самостојно трчање, кое понекогаш може да биде дури и на повеќе од 100km, долж обележаните патеки во природa. Ваквите трки се исцрпувачки и од тркачите бараат да го дадат својот максимум. Bitola Outdoor Festival, ви ги претставува првите планинските трки на Пелистер. На распоредот ќе има три: Big Lake Trail 18K, Molika Trail 32K и главната трка Peliser Ultra-Trail 61K. Сите три трки ќе бидат организирани од ПСК „Димитар Илиевски-Мурато“од Битола.